Марко Блажевски, прв, од македонските преставници се појави во базенот,
на третиот натпреварувачки ден, на 11-то Светско првенство во
25-метарски базени, чии домаќин до 16. декември е Истанбул.

Блажевски, во петокот наутро се појави на стартот, на квалификациите на
400 метри слободно и во конкуренција на 62-та пливачи го освои 39-то
место. Македонскиот пливач имаше добра трка откако успеа да го подобри својот најдобар резултат за речиси седум секунди.

Блажевски во оваа дисциплина беше пријавен со резултат 4:03.19 минути, а во квалификациите исплива време од 3:56.32 минути.

Во петок, во 25 метарскиот базен во Истанбул, ќе се појави уште еден
Македонец, Дамјан Петровски ќе настапи во квалификациите на 200 мети
градно.

“Макфакс“