Пливачот Марко Блажески ќе носи знамето на Македонија на отворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лондон, објавија од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Македонија во Лондон ќе настапи со четворица натпреварувачи и тоа атлетичарите Кристијан Ефремов и Христина Ристеска, и пливачите Симона Маринова и Марко Блажески, сите со покани за настап на Олимписките игри.

За Македонија ова е шессти настап на една Олимпијада. Претходно македонското знаме на отварањето на игрите го носеа Атанас Николовски (Пекинг 2008), Благоја Георгиевски-Буштур (Атина 2004),
Лазар Поповски (Сиднеј 2000), Владимир
Богоевски (Атланта 1996) додека во 1992 година настапивме под олимписките обележја.

ohridnews

Ohridnews