На митингот во Бафало, Америка пливачот Марко Блажевски го сруши рекордот стар 18 години на охриѓанецот Александар Маленко во дисциплината 400 метри мешано и го освои златниот медал.

Блажевски, делницата од 400 метри ја мина за 4:23,51 минути и за четири секунди го подобри рекордот на Маленко.

Македонската пливачка легенда рекордот во една од најисцрпувачките дисциплини го постави на младинското Европско првенство далечната 1996 година.

Мх.П.