Кошаркарот кој ги постигна првите поени за Македонија, Перо Блажевски ќе биде дел од македонскиот тим кој од денес ќе и се спротистави на Грција на првиот натпревар на ЕП во Полска.
Перо Блажевски (37 г) беше дел од селекцијата на Македонија за ЕП 1999 година во Тулуз, Франција, во која уште играа, од сегашните активни играчи, В. Стефанов и Гечевски (Македонија го освои 13. место во конкуренција на 16 репрезентации).
Блажевски исто така беше стрелецот на победничките поени за МЗТ Скопје во големата победа над Реал Мадрид.