Десното крило на Охрид, Бобан Блажески повторно се најде во тимот на колото во Супер лигата во изборот на специјализираниот ракометен портал „24ракомет.мк“.

Блажески на гостувањето во Битола кај Еурофарм Работник беше ударна игла во нападот на охридскиот состав со седум голови.

Стружанецот кој е најдобар стрелец во Супер лигата втор пат е избран во идеалниот тим на колото и ја потврдува неговата одлична форма моментално.

Тимот на колотo:

Голман: Славјан Паунов (Радовиш)

Лево крило: Гоце Ојлески (Еурофарм Работник)

Лев бек: Филип Лазаров (Пелистер)

Среден бек: Јане Јанчев (Прилеп)

Десен бек: Михајло Митиќ (Пелистер)

Десно крило: Бобан Блажески (Охрид)

Пикер: Васко Димитровски (Пелистер)

OhridNews