Марко Блажески во машка и Симона Маринова во женска конкуренција се победници на Илинденскиот пливачки Куп , кој годинава го имаше своeто 32 издание.

До втората последователна победа на малиот маратон Блажески стигна со време 29,45:32. Место на подиумот изборија двоецот на Студент, Илиевски Александар (30,30: 07) и Тасевски Ненад (32,22:01).

Во женска конкуренција четврта години во низа неприкосновена е Маринова Симона од ПК Младост. Маринова патеката долга 2,5 км од Горица до Охрид ја преплива за 29, 50:62 мин. Второ и третопласираната доаѓат од трката под 16 години и тоа Ниниќ Ангела од Делфин со 35,40:65, и Секуловски Ели од Бамбини (36,01:93).

На 32 издание учество зедоа педесет натпреварувачи од шест земји. Покрај наградите за најдобрите пливачи специјални награди од Александар Маленко добија и најмладите пливачи Симоноски Иван до Олимпик од Битола и Димитар Камнаровски холанѓанец со потекло од Охрид.
М.П.