Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер се огласи во случајот за корупција против него.
Кога дојдов во ФИФА, немаше ништо. Кога заминав, тоа беше меѓународна организација, средена солидно и економски, социјално и културно, па дури и политички. Не знам зошто Инфантино не ми е благодарен. Дури и вештачки се обидува да покрене случај против мене. Тој сака да ме уништи не само мене, туку и се што сум направил за ФИФА, затоа што мисли дека работи подобро. Морам да кажам дека сум исклучително возбуден. Ме обвинуваат за криминал, кражба, но ова е апсурдно. Не знам зошто ме изведоа на суд. Сигурен сум дека илјадници, ако не и милиони играчи не го разбираат ова. Не сум одмаздољубив, но сакам да бидам ослободен. Се работи за мојата репутација и угледот на фудбалот што го создадов. Не го создадов сам, туку заедно со стотици тренери кои придонесоа за модерниот фудбал, кој има повеќе од две милијарди фанови. Ниту еден друг спорт нема таква популарност, изјави Блатер.
Тој се соочува со затворска казна до пет година поради незаконско работење додека беше прв човек на ФИФА. Судот во Швајцарија на 8 јули треба да донесе пресуда за случајот против Блатер и Мишел Платини, поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).
Сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино на чело на организацијата дојде во 2016 година.
OhridNews