Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, кој мораше да се повлече од функцијата поради обвинение за корупција, денеска прв пат објави детали од изборот на Катар за домаќин на претстојното Светско првенство и оцени дека тоа било „голема грешка“.

Катар е премала земја, а фудбалот и Светското првенство се многу поголеми. Да бидам целосно јасен – Катар е голема грешка, многу лош избор, изјави Блатер.

 

Тој рече дека првичната замисла била Русија да биде домаќин на Мундијалот 2018, а САД во 2022 година.

Требаше тоа да биде гест на мир, две земји, кои се наоѓаат на спротивни страни, требаше да организираат Светско првенство едно по друго, рече Блатер, додавајќи оти пресвртот се случил една недела пред Конгресот на ФИФА кога добил повик од поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини.

Добив повик од Платини, кој ми рече дека нашиот план нема да може да го спроведеме.

Ми рече дека добил повик од францускиот претседател (Никола) Саркози, кој само што разговарал со првиот човек на Катар, обелодени Блатер.

Тој истакна дека во заднина на изборот на домаќинот на Мундијалот 2022 биле парите и оти Катар половина година подоцна купил борбени авион за Франција во вредност од 15 милијарди долари.

OhridNews