Менаџерот на Бордо, Лоран Блан, ќе го замени на клупата на Интер португалецот Жозе Мурињо, доколку Интер оваа сезона не ја освои Лигата на Шампионите.
Според италијанските медиуми, сопственикот на Интер Масимо Морати , бил импресиониран од резултатите на Блан и лесно може да се случи италијанскиот првак на лето да добие ново тренерско име. Блан минатата сезона ја освои титулата на првенството со Бордо прекинувајќи ја седум годишната серија на Лион, и тимот во моментов е лидер на францускиот шампионат.
Бордо игра добро оваа сезона во Лигата на Шампионите, тимот во фазата по групи ги победи Јувентус и Баерн, во првиот натпревар од осмина-финалето го порази Олимпијакос со 1-0.
Според наводите на медиумите управата на сино-црните бара од Мурињо бара оваа сезона да ја освои Лигата на Шампионите, но и дека лидерите на клубот се разочарани од неговото однесување, бидејќи постојано е во конфликт со медиумите и првите луѓе на италијанската федерација.
Француските медиуми претходно најавија дека Блан по Светското првенство во Јужна Африка може да го замени селекторот на Франција, Рајмон Доменех но тренерот на Бордо ја го отфрли можноста.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com