Двете непоразени екипи во плејофот во Супер лигата, Металург и Охрид в сабота со почеток во 17 часот во дербито на 3-то коло ќе ги одмерат силите во спортската сала „Автокоманда“.
Металург во воведните две рунди славеше против Вардар и Пелистер во Битола, додека охриѓани успешно ги решија домашните задачи совладувајќи ги Еурофарм Работник и Борец во „Билјанини Извори“.
– Силата и квалитетот на Металуг сите го знаеме, а кога на нивна страна ќе се додаде и домашниот терен, слободно може да се каже дека се фаворити. В сабота имаме обврска прво пред нас, бидејќи мора да изиграме најдобро што знаеме, а потоа и пред навивачите кои имаат големи очекувањата. Нема да се оптоваруваме со резултатот, но сигурно ќе се бориме до крај затоа што за овие натпревари игравме цела сезона во регуларниот дел од Супер лигата. – рече голманот, Благојче Трајковски.
Првиот избор на охридскиот гол сигурно ќе има големи мотиви против Металург, бидејќи тренерот на „металурзите“, Лино Червар го внесе во македонската репрезентација за Мундијалот кој се одржа годинава во Франција.
Дербито на колото ќе биде пренесува во живо на собранискиот канал на Македонската радио и телевизија со почеток во 17 часот.
OhridNews