Охридските ракометари запишаа нови три бодови на табелата, први на домашен терен во Супер лигата победувајќи го Борец со 27-24.


„Гладијаторите“ на најдобар можен начин брзо се рекуперираа по поразот од Работник во втората рунда од шампионатот.

– После оној пораз од Работник, ни требаше ваква победа од неколку аспекти. Прво за победничко преставување пред пубилката во Охрид и симнување на притисокот и за враќање на самодовербата која ни треба за вакви неизвесни мечеви во Супер лигата. Борец како што најавивме и претходно е силна екипа засилена со неколку квалитетни играчи, што го докажаа и на теренот. Сепак, нашиот квалитет излезе на виделина на стартот од вториот дел кога со серија голови направивме предноста која ја одржавме до крајот на мечот. – рече Благојче Трајковски, кој имаше 18 интервенции на голот од Охрид.


Задоволен од победата беше и охридскиот стратег Горан Андоновски кој најави борба за плејофот годинава во Супер лигата. – Екипата се воигрува од натпревар во натпревар, затоа ми е мило што на мечот со Борец покажа и карактер. Во Битола против Работник покажавме дека можеме, а сега против Борец дека знаевме. Охрид и сезонава ќе се бори за местата кои водат во плејофот, бидејќи охриѓани знаат да уживаат во добар и квалитетн ракомет.


Вината за поразот, гостите од Велес ја побараа кај судиите. – Не сакаме да бараме алиби, но судискиот двоец имаше неколку дискутабилни кои не отидоа во наша корист. Инаку, Охрид сосема заслужено победи и ги освои бодовите иако очекувано мечот го започнаа во грч поради притисокот од домашниот терен.

Победничка премиера на „гладијаторите“ во Охрид

OhridNews