Груевски денеска ќе оствари средба со пожарникарите и граѓаните кои први помогнале во гаснењето на пожарот во Бигорскиот манастир.
Во пожарот што на 30-ти септември го зафати манастирот Св. Јован Бигорски до темел изгореа горниот палат, старите конаци, трпезаријата и библиотеката. Штетата од пожарот според првичните проценки на надлежните институции, изнесува над 5,5 милиони евра, но со ништо не може да се надомести уништувањето на вредните историски објекти кои се од непроценливо значење.