Општина Охрид ќе им врачи благодарници на шеснаесет спасувачи во бродската несреќа што се случи на 5ти септември. Меѓу нив се и двете докторки од Србија кои како патници во еден од бродовите што се затекнаа во близина на несреќата, несебично се вклучија во спасување на давениците. Дел од спасувачите ќе добијат и златни приврзоци, соопшти локалната самоуправа.

На свеченоста што ќе се одржи денеска Општината благодарност ќе искаже и кон клубот за подводни активности од Охрид, нуркачкиот клуб „Амфора“ и Здружението на граѓани „5-ти Септември“.

Ohridnews