Најголемото изненадување на новата сезона на ЦБС телевизијата е хумористичната серија „Глупостите кои ги кажува мојот татко“, инспирирана од еден профил на Твитер. Главната улога ќе ја игра Вилијам Шатнер.
Сето ова започнало со твитер профилот на кој Џастин Халперн од Њу Јорк ги пишувал духовитите изјави на својот татко, кој по професија бил лекар во пензија. На тоа го наговорил еден пријател. Страницата набрзо ја прателе 1,3 милиони корисници, а Џастин набрзо објавил книга. Сега тој е најпродаван автор во Њу Јорк.