Индексот на цените на угостителските услуги во март 2011 година, во споредба со февруари 2011 година, е намален за 1.0%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1%, Алкохолни пијалаци за 0.7% и Безалкохолни пијалаци за 0.7%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 5.0%.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0.2%, соопшти Државниот завод за статистика.