Бројката на невработени во охридскиот регион, заклучно со јануари изнесува 11.114 лица. Тоа е за 30 лица помалку од невработените во последниот месец од 2009-тата, кога беше евидентирана бројка од 11.144 лица.

Според статистичките показатели, од вкупниот број на невработени најголем број им отпаѓа на лицата со над 40 години или со вкупно 5.947. На возраст од 30 до 40 години запишани се 2.251 невработен, а преку Центарот вработување во Охрид работа бараат и  2916 лица, помлади од 30 години.

Ohridnews