Согласно статутарните овластувања, претседателот на СДСМ Зоран Заев назначи нови 40 претседатели на Општински организации на партијата. Меѓу нив, е и Благојче Стојчески кој е назначен за претседател на општинската организација на СДСМ Дебарца, функција која и претходно ја извршуваше од декември 2017 година.

Стојчески е дипломиран економист, поранешен директор на јавното комунално претпријатие во Дебрца, во моментов раководител на секторот за финансиски прашања во општина Охрид.

За изборот на новите претседатели од СДСМ нагласуваат дека станува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат.

OhridNews