Четиридневниот тренинг камп во Охрид, македонските фудбалски надежи од нашиот шампионат го финишираа со убедлива победа над Работнички (4-0). Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски задоволен од играчите и нивниот ангажман во текот на кампот.

  • Кампот беше планиран во програмата за работа на младата селекција во 2019 година. Сакавме да видиме со каков потенцијал располагаме за она што следува после тековните квалификации кои ги играме. Играчите повикани беа 2000 и помлади со исклучок на неколку фудбалери кои влетаа поради повреди и откажувања. Момците добро одговорија прво на тренинзите, а потоа на натпреварот со Работнички и мислам дека сите задоволни заминуваме од Охрид. Играчите покажаа квалитет, но само од нив ќе зависи како ќе напредуваат и дали ќе конкурираат за место во У21 селекцијата. – изјави селекторот.

Со кампот во Охрид завршија сите фудбалски збиднувања во нашата земја. Зимските подготовки, екипите од Првата лига ќе ги започнат недела дена после Нова година, додека второлигашките екипи ќе започнат недела дена подоцна.

OhridNews

Македонија со убедлив триумф над Работнички го заврши кампот во Охрид