Благоја Милевски, или популарниот „Сер Боби“ ќе биде селектор на А репрезентацијата на Македонија, – одлучи Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

Позицијата селектор нема да биде новите, бидејќи Милевски кормилото во А селекцијата ќе го преземе од У21 репрезентацијата.

Визијата за нашата фудбалска иднина со Благоја Милевски на местото селектор на македонската А репрезентација е кристално јасна. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи. Му даваме доверба на Благоја Милевски да ја предводи македонската А репрезентација поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети. Тој е тренер кој става личен печат на тимовите кои ги предводи и човек со дисциплина и исклучителна ментална сила, – изјави првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

Сејдини му се заблагодари на Игор Ангеловски за успехот и пласманот на Европското првенство. Местото на Милевски во У21 селекцијата ќе го заземе Драган Канатлароски-Цапар.

OhridNews