Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Проневера во службата“,  СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Н. Ѓ. Од Охрид роден 1960 година, вработен во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо“ Охрид.

Истиот во својство на службено лице-благајник во болницата во периодот од 01.01.2008 година до 23.04.2008 година со намера да прибави значителна имотна корист, противправно присвојувал пари доверени во Службата во вкупен износ од 716.577,50 денари.

Тој бил задолжен со целокупното готовинско работење со паричните средства и  вршел прием на целокупниот промет од петте амбуланти во болницата и од благајната каде се собирале сите парични средства  наплатени од пациентите на име партиципација, болничко лекување и оперативни зафати за осигурени и неосигурени лица како и за лекување на пациенти со посебна нега.

извор СВР Охрид