Еден крадец на банка останал без својот плен бидејќи благајникот му рекол дека поминало работното време на банката. Полицијата на градот Кранстон, во американската држава Роуд Ајленд, известила дека инцидентот се случил во четвртокот вечерта, на шалтерот на банката кој се наоѓал во една самопослуга.
Крадецот му дал на благајникот ливче со порака на кое пишувало „ова е грабеж“. Благајникот веднаш потоа му рекол дека банката се затвора и ја затворил безбедносната врата по што кредецот заминал без својот плен.