Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето Л.С.  родена 1962 година од Охрид, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сторила едно кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно кривично дело „Фалсификување на службена исправа“.

Пријавената, во периодот јануари-април 2009 година, како благајник во Охридска банка направила 29 трансакции со кои противправно од девизна штедна книшка сопственост на друго физичко лице, присвоила вкупно 5.437.400 денари односно 87.700 евра. Пријавената, без знаење на оштетениот штедач на банката,изготвила  налози за исплата односно подигање девизни средства од неговата девизна штедна книшка,самата го пополнувала исплатното ливче, истото го потпишувала и ги подигнувала парите од благајната.

Во посочениот период, пријавената во име на оштетениот штедач кого го потпишувала во налозите, парите ги подигала во најмал износ од 500 а во најголем износ од 8000 евра а во два наврати извршила и девизна уплата на штедната книшка од 7000 евра. Истото го чинела без да се внесат промените во штедната книшка која ја имал оштетениот.

Од страна на Истражен судија при Основниот суд во Охрид, на пријавената Л.С. изречена и е мерка куќен притвор, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews