Цените на угостителските услуги во септември се зголемени за 0,1 процент во споредба со август, а за 0,8 проценти во однос на септември минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување за 0,1 процент има во групите Храна и во Ноќевања. 

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-септември во однос на истиот период лани е зголемен за 0,4 проценти, а за исто толку е зголемен и во однос на декември минатата година.

 

OhridNews