Акциите на Охридска банка, во текот на вчерашното берзанско тргување, остварија благ пораст во износ од 100 денари. Цената на една акција од оваа банка сега изнесува 2.300 денари. Ова е за 100 денари помалку од највисоката цена која во последниов месец  ја достигна оваа акција.

Според податоците од Македонска Берза,  последниве тринаесет месеци, со купопродажба на акции од Охридска банка, биле направени 265 трансакции, при што бил остварен промет од 20.801.818 денари. При вчерашното  берзанско тргување, како резултат на една трансакција, во чии што рамки биле истргувани 20 акции, бил остварен промет од 46.000 денари.

Ohridnews