Во текот на изминатата недела од 25.10 заклучно со 31.10.2021, пријавени се вкупно 202.705 случаи на COVID-19 во 35 градови низ државава. Охрид, покрај Прилеп и Кавадарци се вбројува во градовите со највисок морталитет. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крушево, велат податоците од ИЈЗ.
Во Охрид моментално активни се 187 случаи, од нив 47 се регистрирани во периодот од 25.10 – 31.10, а во последните 14 дена регистрирани се 95 нови случаи. Според податоците од ИЈЗ во Охрид 6176 случаи се регистрирани вкупно на Ковид-19, од нив оздравеле 5718 пациенти, а 271 лица починале.
Според опфатот на вакцинација на населението над 12 години, Охрид сеуште е меѓу градовите со највисок процент на вакцинирано население, односно 60,6 % од граѓаните примиле две дози вакцина.
Што се однесува до бројот на заразени на национално ниво најголем дел од случаите се регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово. Се бележи благ пад од 2,3 % во однос на податоците од минатата недела вкупно се регистрирани 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 . Се забележува зголемување на бројот на заболени скоро кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување од 11, 4 % кај возрасната група од 20-29 во однос на претходната недела. Намалување се забележува кај возрасните групи од 0-9 години.
K.A.