Боксерски Клуб “Синди” од Струга, е севкупен победник-шампион на Маедонија во бокс, во сите категории, како што се државни првенства, меѓународни турнири и првенства, вклучувајки го и Европскиот Шампионат во Ливерпул-Англија, потоа разни меѓународни турнири и “Златниот Гонг 2008”.


Според табеларните прикази од страна на Боксерска Федерација на Македонија, БК “Синди” освои 740 бодови на меѓународен план, или 140 повеке од второпласираниот БК “Скопје”, а во домашен план освои 114 бода, те севкупно со 854 бода, е на прво место во Македонија, пред БК “Скопје” со 610 бода, потоа “Баргала” од Штип со 525 итн.

Тренерот на БК “Синди”, Фисник Хани, во кратка изјава рече:

 “Овие резултати не се случајни, туку се резултат на дисциплинираната работа, со боксерите од сите категории и сите возрасти, од пионери, јуниори, сениори, а сега имаме  и професинален боксер во тешка категорија ( до 91 кг), а то је Наси  Хани. Б К “Синди” е расадник на добри боксери”- рече Фисник Хани, задоволен од овој пласман на клубот, кој работи и функционира со самофинансирање.