1. Потемнете ја косата – Потемната коса полесно се одржува во ладното време и помалку се суши. Исто така поубаво и потопло изгледа додека сјае на топлината и светлината од каминот.
2. Хидрантен крем – Можеби на лето не сте користеле крем, особено хидрантен. Во есен кремот е задолжителен. Колку е похранлив, тоа е подобро.
3. Крем за сончање – Иако не е лето, кремите со заштитен фактор не служат само како заштита од сонцето, затоа, продолжете да ги употребувате бидејќи штитат од студ и ветер. Кожата ќе ви биде благодарна и мека, а и помалку ќе се суши.
4. Маска за коса – Еднаш неделно додека ја миете косата ставете и маска за да го спречите сушењето. При секое миење нанесете и поголема количина на регенератор.
5. Маникир – Овозможете си маникир со фин заштитен слој за нокти. Ако се двоумите помеѓу маникир и педикир, есенскиот избор е на нега на ноктите на рацете.
извор:metro-portal.hr