Шминката од нас може да направи што и да посакаме, тврдат стилистите. Затоа би било добро да ги запомниме овие неколку едноставни совети за да отстраниме многу години од своето лице.
Изберете квалитетна подлога или пудра која е погодна за вашиот тип на кожа и совршено се вклопува во вашата боја на тен. Пробувајте со денови ако е потребно, но мора да биде совршено, инаку ќе изгледате постари. Експертите предлагаат минерален мејк-ап кој е многу полесен и не изгледа како да сте ставиле маска на лицето.
Веѓите мора да ги средите- тие со годините побелуваат и стануваат потенки, па внимателно обликувајте ги и по потреба нагласете ги со специјален гел за веѓи или моливче.
Руменило кореистете секој ден, бидејќи и малку руменило на образите моментално ќе ве подмлади, затоа не претерувајте, туку внимателно истакнете ги јаболчниците.
За крај, усните стануваат потенки со годините, но ако користите кармини со неутрални бои или сјај со природни нијанси, ќе создадете впечаток на полни усни.
извор:metro-portal.hr