Охридската делегација која ја предводи градоначалникот Александар Петрески, деновиве во Лугано се сретна со претставници на градските власти и бизнис заедницата.
Господинот Јорданов кој е сопственик на познатата швајцарска фирма „Дуферко“ важи за мошне ценет и влијателен бизнисмен и јавна личност во Швајцарија.
Посочувањето на неговиот ангажман и помош што ја дава на нашата делегација е пример за тоа како вистинскиот вљубеник во својата земја и во Охрид може да придонесува за афирмација на Охрид и популаризација на тоа кои сме и што сме – на дело и со конкретен ангажман, велат од Општина Охрид.
Ohridnews