Голем број бизнисмени од Охрид, владини претствнивици и гости присуствуваа на свеченоста што по повод отворањето на Клубот на стопанственици во Охрид, се одржа на Самоиловите тврдини.



Свеченоста започна во невообичаен термин, на полноќ, што според претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија- ССК, Венко Глигоров симболизира нов почеток. На свеченоста присуствуваа и голем број македонски бизнисмени од странство што според Глигоров е можност за нивно запознавање со локалните бизнисмени кои им се потребни за евентуално инвестирање во земјава.


Венко Глигоров

Претседатлот на комората вели дека интересот за членување во Клубот на стопанственици – Охрид е голем и дека во иднина се размислува неговата дејност да биде проширенана. Глигоров ја поздрави владината одлука за намалување на придонесите, со што според него во иднина ќе се создадат услови за зголемување на вработувањата и развој на компаниите, што е основен проблем според него во моментов.


Во рамки на свеченоста беше изведена монодрамата „Филип II“, а дружењето на бизнисмените продолжи со коктел и староградска музика до доцна во ноќта.

Ohridnews