Претставници на компанијата „Хасилат“ од Абу Даби од Обединетите Арапски Емирати, во рамките на престојот во Република Македонија, вчера попладне ја посетиле општина Охрид и се запознале со можностите за инвестирање во градот.
-По презентацијата и посетата на неколку атрактивни локации, гостите во чија придружба беше и македонскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати Сашо Ташевски, се интерсираа за инвестирање во повеќе области, а особено за изградбата на скијачкиот центар на „Галичица“, информираат од Охридската локална самоуправа.
Компанијата „Хасилат“ е позната по ивестирањето во информатичката технологија, енергетиката, автоматиката, туризмот, агробизнисот, медицината, градежништвото и текстилната индустрија. Нивната посета во Република Македонија ја организира Агенцијата за странски инвестиции.
OhridNews