Еден бизнисмен од Финска соопштил дека планира да изгради копија на прекуокеанскиот брод Титаник, во природна големина, кој ќе биде поставен на север во Финска.
“Сите во Европа знаат за Титаник. Во финската област Улу не постојат туристички атракции и мислам дека ова би можело да привлече странски туристи“, изјавил Тоиво Сукари.
Копијата на бродот нема да биде во вода, туку на копно, и во неа ќе има ресторан и еден хотел. Новиот “Титаник“ ќе се наоѓа на 600 км северно од Хелсинки.
Копијата ќе биде долга 269 метри и широка 28 метри, а изградбата би требало да чини околу 30-40 милиони евра. Со работа ќе се започне оваа година, а отварањето е закажано за крајот на 2011 година.