Во рамки на Светската недела на претприемништвото во „Касарна Хаб“ од денеска се одржува бизнис-натпревар „Oсновај свој старт-ап” насочен кон развивање критичко размислување за создавање млади претприемачи, а во форма на платформа на која учесниците – учениците од средните образовни установи и нивните професори можат да се здружат, да ги споделат своите знаења и вештини и да соработуваат на различни проекти.

На првиот ден на натпреварот, кој започна вчера, учествуваа триесеттина ученици од средните училишта во Охрид, кои со помош на своите ментори креираа работилници и ги избираа бизнис-идеите што понатаму ќе ги обработуваат.

Главната цел на тридневниот настан е да се поттикне претприемачкиот потенцијал на младите, а понатаму да се обезбеди и конкретна поддршка при основање сопствен старт-ап со цел поефикасно постигнување на нивните цели и конкурентност на пазарот.

„Касарна Хаб“ функционира со поддршка на Проект финансиран од Европската Унија и Општина Охрид.

OhridNews