Бродот „Коста Конкордија“ кој неодамна се насука во близина на италијанскиот остров Џиљо, и по трагичниот настан е туристичка атракција. Тука секојдневно доаѓаат голем број љубопитни луѓе кои се фотографираат со потопениот брод во позадина. Фотографиите ги објави онлајн изданието на австрискиот весник „Хојте“.


„Конкордија“ и потопена е атракција

Во меѓувреме билансот на жртвите во несреќата на „Коста Конкордија“ се зголеми на 16. АФП повикувајќи се на италијанските власти јави дека спасувачите вчера го пронашле телото на уште една жртва во несреќа на италијанскиот туристички брод. Спасувачите трагаат по уште 16 лица кои се водат за исчезнати. Во моментот на несреќата на бродот имало 4.299 патници и членови на екипажот.

OhridNews