Каталонците сфатиле дека и порно-филмовите се оружје во борба за опстанок на нивниот јазик. Нивната регионална влада, на порнографскиот режисер и осведочен симпатизер на каталонските сепаратисти, Конрад Шон за снимање сексуални авантури на каталонски јазик му доделила 15.000 евра од буџетот.


На шпанските медиуми, кои се загрижени заради начинот на кој социјалистичката каталонска влада ги троши парите на даночните обврзници (на финансирање порно филмови), режисерот специјализиран за порно им одговара дека, благодарејќи на неговото богато искуство во продукцијата на „порниќи“ може повеќе од добро да процени дали се преминати границите на добар вкус. Секс сцените ќе бидат од уметнички карактер, изјавил режисерот чие најпознато дело е „Лаура е сама“, снимен во 2003 година.

Како тоа изгледа кога Лаура ќе ја посетат нејзините каталонски пријатели, ќе се види во „едукативниот“ порно филм „Лаура не е сама“, а потоа ќе уследи каталонската верзија „Мемоарите на една риба“ па „Морето не е сино“. „Порниќите“ ќе бидат направени да и се допаднат и на женската публика, тврди режисерот.

И покрај гласните критики од конзервативните шпански медиуми, каталонските сепаратистички настроени политичари не се откажуваат од овој необичен начин на борба за опстанок и ширење на својот јазик. „На секој јазик можат да се искажат и најопскурни содржини“, изјавил еден каталонски политичар.