На ден 30.07.2008 година околу 17 часот и 15 минути во Струга, во несреЌен случај животот го загуби лицето Димче Д. роден 1980 година во Скопје каде и живеел.

Несреќата се случила, кога сега покојниот Димче, со јадица ловел риба на реката Црни Дрим. При замавнување за фрлање на јадицата се случил допир на телескопот од јадицата со жиците од високонапонскиот далековод од блиската трафостаница. Смртта настапила во истиот момент.

На лице место извршен е криминалистичко-технички увид од страна на Истражен судија при Основниот суд во Струга како и екипи на Полициската станица Струга. Доктор по општа медицина извршил преглед врз телото на покојниот  при што не се констатирани траги на насилство.

По наредба на Истражен судија, врз телото на  покојниот ќе биде извршена обдукција.

Извор: МВР