Соиграчот на Горан Пандев, голманот Александар Маркети остана без скапиот автомобил поради бизарен инцидент во перална за автомобили.
Имено, еден од вработените во пералната, сакајќи да го испроба „Ферарито“ на Маркети се удрил во неколку автомобилот па в ѕид и предизвикал голема материјална штета. Возачот поминал со полесни повреди.
Фудбалерот на Џенова не се огласи за инциндетот кој привлече големо внимание во италијанската јавност. Маркети, следниот пат, можеби два пати ќе размисли пред да го однесе автомобилот во перална, или пак, сам ќе ги засука ракавите.
OhridNews