По повод 18 години постоење на битолскиот театар „Солза и Смеа“, на 14- ти март во Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе се изведе претставата „Златна бубашваба на популарноста 7“.
Станува збор за авторска претстава во вид на шоу или кабаре, со имитација на познати личности, настани, скечеви, музика и уште многу. Специјални гости во претставата ќе бидат: Бојан Стојков и Катерина Петровска (поранешни членови на Солза и Смеа).
Почеток на претставата е во 20 часот, влез 100 денари, картите ќе бидат во продажба на денот на изведувањето на претставата.
OhridNews