Апелациониот суд во Битола ја поништи одлуката на Основниот суд во Охрид на бизнисменот и советник на ДУИ во Советот на Општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини да се бранат од слобода, откако тие претходно приложија гаранција од 30.000 евра.
Предметот е вратен на судот во Охрид, а браќата Усеини кои се сомничат за кривично дело насилство остануваат во притвор.
Усеини шест дена не беа достапни за истражните органи, по што сами се пријавија за издржување на мерката притвор во затворот во Охрид на 26 август. Мерката притвор во траење од 8 дена им иостекува во четврток.
Покрај за насилство, против нив се води истрага и за кривично дело недозволено поседување оружје. Тие се товарат за напад на охриѓанецот Спирко Топалоски во инцидентот што се случи во хотел во центарот на Охрид.
OhridNews