Кошаркарите на Амак СП поразени се вратија од гостувањето во Битола кај Пелистер.

По две продолженија битолчани со 95-93 го совладаа израмнувајќи го скорот во меѓусебните дуели 1-1.


Битолчани до седмата победа во серија ги предводеше Захариески додека во охридскиот тим најпрецизни беа Богоев и В. Стојаноски кои постигнаа по 24 поени.

За охриѓани ова беше втор пораз во овогодинешниот шампионат.

Во последното коло од есенскиот дел Амак СП ќе го пречека Овче Поле.

М.П.