Битолчаните ќе треба да се наметнат кај “шефот“ до колку сакаат во продолжението на сезоната да го носат белиот дрес. Маркоски ќе им даде недела дена , по што ќе ја донесе конечната одлука.
– Се работи за млади играчи кои имаат добра фудбалска школа. Очекувам дека тука добро ќе се снајдат и ќе ни помогнат да ги оствариме зацртаните цели – вели тренерот Маркоски.
“Рибарите“ подновени ги продолжуваат подготвките, а деновиве се очекува да пристгне комплетно новата спортска опрема.