Битолчанецот С.Р.(32) е осомничен за грабежот на аптеките “Маја-фарм” и “Галиум-фарм” и бутикот  за долна облека “Лиска” во Охрид, кој се случи на 14 јуни.

Како што соопштува МВР, С.Р. бил приведен вчера во Скопје откако извршил грабеж во аптеката „Ескалуп“ трафиката „Тобако- Прима“ и се обидел да ја ограби аптеката „Виола“, сите лоцирани Центарот на Скопје.

 “Од извршениот разговор, утврдено е дека приведениот има извршено уште 4 „Разбојништва“во Прилеп и Охрид, за што ќе му бидат изречени соодветни кривични пријави“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

OhridNews
Извор: МВР