Еден Пелистер се најде во финалето на ракометниот куп, а другиот Пелистер онај фудбалскиот се сели во Втората фудбалска лига.
Околу 3000 гледачи го славеа успехот на Пелистер и влезот во финалето од ракметниот куп, додека едвај 50 гледачи еден час порано беа присутни на стадионот под “Тумбе Кафе“ за да ја проследат една од последните прволигашки пресметки на “зелените“ против Силекс.
– Нема публика на фудбал, одете во салата таму сите се собираат за ракометот. Порано овде за секој натпревар имаше преку пет илјади гледачи, ама сега гледате нема никој, – ни рекоа вљубениците во “бубамарата“
Младите фудбалери на Пелистер, со играта само го потврдија последното место на табелата. Имаа 2-0 предност и еден час играч повеќе, но на крајот мечот го напуштија со наведнати глави, откако кратовци направија комлетен пресврт во финишот на мечот и со победата од 3-2 и новите три бода го осигураа опстанокот.
–
Жалосно е што во Битола се игра пред празни трибни, ние нашата цел ја исполнивме иако не беше воошто лесно – рече стратегот на кратовци , Ане Андовски.
Фото Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com