Неофицијално, 11 партии ќе земат учество на локалните избори во Охрид закажани за 22 март. Половина од нив имаат и кандидат за градоначалник, додека 6 партии се одлучија да истакнат само листа на советници.

На час и половина до истекот на крајниот рок за пријавување(15.02.2009г. на полноќ), до Општинската изборна комисија пристигнале 6 кандидатури за градоначалник, како и 19 предлог листи за советници. Овој број не е конечен, а може да биде корегиран и по разгледување на комплетноста на листите и рокот за жалбена постапка

До ОИК кандидатури за градоначалник доставиле: СДСМ – Александар Петрески, ВМРО ДПМНЕ – Кирил Трендафилов – Нанче, НСДП – Ацо Попоски, ЛДП – Боро Павлоски, ВМРО НП – Томе Гиноски и Нова Демократија  – Васви Доко. Овој список не е конечен и официјален, информираат од ОИК.

За место во градскиот Совет конкурираат 11 партии и 7 независни листи на група избирачи. Од партиите листа на советници истакнале НСДП, ЛДП, ВМРО НП, ДПА, коалицијата ВМРО ДП и ТМРО ЗЕТ, ПЕИ, СДУ, Нова Демократија, СДСМ, ДУИ и ВМРО ДПМНЕ.

Ohridnews