Битката за Европа продолжува. Претстојниот викенд во Охрид гостува претендентот за титула Еурофарм Пелистер. „Гладијаторите“ со полна пареа работат на брусење на формата за преостанатите два натпревара од првенството кои ќе го дадат расплетот во Супер лигата.
Овој викенд ни претстои натпревар на кој може многу да добиеме, а речиси ништо да не изгубиме бидејќи, Е.Пелистер е апсолутен фаворит кој игра за освојување на шампионската титула. Ако одиграме уште еден натпревар на кој одбраната повторно ќе биде на високо ниво сметам дека и ние имаме шанси да дојдеме до значајни бодови, вели капитенот Крсте Андоновски.
Натпреварот се игра во сабота во 20 часот во цалата „Билјанини извори“.
OhridNews