Десеттата рунда од ракометната елита означи почеток на втората етапа и финална битка за местата на табелата во Супер лигата, кои, водат во разигрувањето за титулата односно плејофот. Четири екипи ќе се борат за трите места на табелата, оти Еурофарм Работник е лидер и тешко дека некој ќе го симне од таму.

Помеѓу четирите екипи кои ќе водат битка се наоѓаат Бутел Скопје, Пролет, Охрид и Пелистер. Пол позицијата во финалните осум натпревари му припаѓа на Бутел Скопје, кој почнува со 24 бодови. Веднаш зад новајлијата во суперлигашкото друштво се Пролет и Охрид со идентичен скор на бодови 21, а петти на табелата е Пелистер со 19 поени.

Четирите рунди до крајот на оваа година можат да донесат многу одговори, бидејќи во секое коло има по една меѓусебна пресметка на ривалите за местата во плејофот, а четирите преостанати за пролетниот дел од сезоната само да го потврдат.

Ракометниот клуб Охрид во 11-та рунда гостува во Скопје кај тимот на Бутел и тоа ќе биде шанса за лечење на раните за поразот од Пролет, додека момците на Никола Матлиески на домашен терен го пречекуваат битолски Пелистер. Во 12-та рунда Бутел Скопје гостува кај Пелистер, Пролет кај лидерот на табелата, а Охрид на домашен терен го пречекува Борец.

Тринасеттата рунда ќе понуди дербито помеѓу Бутел Скопје и Пролет, а Охрид и Пелистер силите ќе ги одмерат со Вардар Јуниор односно Борец. Последното коло за оваа година ќе го донесе мечот помеѓу Еурофарм Работник – Бутел Скопје. Охрид, Пелистер и Пролет ќе имаат делумно лесни задачи против Радовиш, Вардар Јуниор односно Борец.

Распоред на мечевите екипа по екипа:

Р.К. Бутел Скопје – 24 бодови:

11. рунда: Бутел Скопје – Охрид

12.рунда: Пелистер – Бутел Скопје

13.рунда: Бутел Скопје – Пролет

14.рунда: Еурофарм Работник – Бутел Скопје

15.рунда: Борец – Бутел Скопје

16.рунда: Бутел Скопје – Вардар Јуниор

17.рунда: Радовиш – Бутел Скопје

18.рунда: Бутел Скопје – Струга

Р.К. Пролет – 21 бод:

11.рунда: Пролет – Пелистер

12.рунда: Еурофарм Работник – Пролет

13.рунда: Бутел Скопје – Пролет

14.рунда: Пролет – Борец

15.рунда: Вардар Јуниор – Пролет

16.рунда: Пролет – Радовиш

17.рунда: Струга – Пролет

18.рунда Пролет – Прилеп

Р.К. Охрид – 21 бод:

11.рунда: Бутел Скопје – Охрид

12.рунда: Охрид – Борец

13.рунда: Вардар Јуниор – Охрид

14.рунда: Охрид – Радовиш

15.рунда: Струга – Охрид

16.рунда: Охрид – Прилеп

17.рунда: Охрид – Еурофарм Работник

18.рунда: Пелистер – Охрид

Р.К. Пелистер – 19 бодови:

11.рунда: Пролет – Пелистер

12.рунда: Пелистер – Бутел Скопје

13.рунда: Борец – Пелистер

14.рунда: Пелистер – Вардар Јуниор

15.рунда: Радовиш – Пелистер

16.рунда: Пелистер – Струга

17.рунда: Прилеп – Пелистер

18.рунда: Пелистер  – Охрид

OhridNews