Во последното коло од Вората фудбалска лига Запад, кое на програмата е денеска, 14 мај, Охрид дома ја пречекува екипата на Тетекс од Тетово.
Натпреварот директно одлучува за опстанокот во лигата, а Охрид ја има судбината во свопи раце. Со победа седмопласираниот Охрид обезбедува опстанок, без оглед на исходот на останатите средби, бидејќи осмиот Кораб, прв во зоната за испаѓање во која уште се и Велешта и Кадино, заостанува два бода.
Пред натпреварот на сезоната за Охрид, во градот владее фудбалска атмосфера. Клубот ги повикува навивачите да дојдат во што поголем број и да им пружат поддршка во битката за опстанок. Се мобикизира и навивачката група Рибари, која и денеска ќе биде 12-ти играч на Охрид.
Кораб дома го пречекува Вардар, кој пак брка победа и чека кикс од второпласираната Воска Спорт, која во последното коло му гостува на новиот прволигаш Силекс во Кратово. На Воска и е потребен само бод да обезбеди бараж за Прва лига.
Сите натпревари од Втората лига Запад почнуваат во 17 часот.
Г.М.