Во Охридското Езеро има два огромни моќни танкери. ПловаТ. Содржината во товарениот ​простор се разликува. Многубројните морнари на повик им помагаат во време и невреме. Околу тие два „мамути“ е раздвижено. Езерото е како животот. Во светли и темни периоди сите уживаме, туркаме и балансираме во и околу таа богата вредна вода. Езерото е наше, од рибари, пливачи, деца со гуми, бродови, бротчиња, глисери, едрилици, љубители на душеци, чамци за веслање, дрвени сплавови, гумени кајчиња, од нуркачи, педалинки, кајаци, водни скијачи, банани, скутери, од модерни ‘wingfouiling, parasailing, paddle boarding’-авантуристи. И од пирати со знамиња.

Во меѓувреме едниот танкер на другиот танкер му посакува да потониТ.

Локални избори има секогаш во сите држави ‘Давид против Голиат’. Мали локални политички движења се вените и духот од длабочините на градовите. Во Охрид неколку амбициозни и свежи советнички иницијативи после големите бранови не дозволија да паднат од кајчињата, колку толку фатија со мрежите терен. Некoи беа активни и со добри намери, ама се вратија разочарани и поразени на пристаниште. Двата „гиганти“ традиционално се движат во ист правец, со јака, турбо сила напред.

Нешто друго. Таа опсесија за асфалт од политичариве. Или секогаш преку грбоТ на хендикипираните лица и лица со попреченост, да ветуваат дека сега стварно, сигурно, навистина ќе се бораТ за нивните права и барања. Разгледав мои стари колумни на OhridNews, од 2008 и 2009 година. Тогаш сум пишувал ако бидам јас градонацалник во Охрид: “Ќе донесам делфини во Охридското Езеро, ќе направам катна гаража под езеро.”

Минатото лето бев гостин во Охрид на една свечена церемонија – регистрација во општина. Ги поминавме законските протоколи во советничката сала. Во еден момент кумот ми вели: “Иначе тука на тоа столче седиТ секогаш градоначалникот.“ Брутално седнав на неговото место, искористив шанса, размислив што би направил јас за нашиот мил, сакан, прекрасен Охрид со сите мани и убавини. Сега во 2021 само би ветувал кратко и јасно: “Сите знајме шо фалиТ, шо требиТ.”

Сум љубител на политика. Обожавам да гледам дебати во ‘Долниот дом’ во Англија. Од почеток до крај ги пратам сите Американски претседателски кандидати во изборната кампања. Леви, десни, чудни и бесни. Европскиов парламент ми е досаден. Заспивам кај нив. Холандскава политика е јадам и пијам. И македонскава политика сериозно ја пратам на разни начини. Со децении сум сведок за животот во Македонија. Гледам и слушам што се случува на улиците и по домовите.

Ама секогаш заборавам на сите тие (интернационални) дебати што велат политичарите, која им е програмата. Веќе ги знајме сите мелодии. Тие ветувања и планови веќе не влегуваат во мојава глава. Мој интерес е: комуникација и акција. Гледам кое машко/женско како зборува, дали им е подготвена пораката, со какви реченици, мимики, со какво дишење, со каков стил зборуваат. Кој како напаѓа, другиот како се брани или како измислуваат брзо, ладно, смешно, сериозно, силен или суптилен одговор. Кој игнорира, кој е нервозен, кој е сигурен. Кој е релаксиран, кој е остар. Кој е паметен, кој е интелигентен. Кој е нормален, кој е ненормален.

Биз комуникацијата се октрива дали е некој вистински или не. Кој зборува опуштено, напамет, кој читат. Кој е арогантен, кој се смее природно, кој знае да скрши лесно мраз. Јас ги анализирам политичарите како лупење на кромид или портокал. Со солзи или со слатка насмевка. Кој има фаца како лош чичко или лоша тетка. Кој или која е како твојот омилен професор или омилена професорка. Интересни се на прес-изјавите луѓето во позадина на водачите. Само во нив гледам, што прават, каде и како гледаат, како се облечени, веќе не слушам што зборува тој или таа пред нив.

Ништо не е, и не може да биде како што сакаме да е перфектно во политиката низ светов. Секаде има компромиси и не може секој еден да е задоволен. Јас ја сакам политичката тактика во политичката арена, со факти, во дебати со други политичари и во жестоки интервјуа со спремни новинари. Се се’ работи околу автентичноста. За да ја разберам содржината треба прво да се отпакува комерцијалното пакување. Тие балони лесно пукааТ.

Лично за мене најважна политичка точка за Охрид е: кој ме инспирираТ, кој инспирира за Охридската иднина. Се гледа брзо кој го биваТ или не, како што научивме од нашите родители. Ама многу азбестни водоводни цевки треба да се менуваат по населбите, училиштата бараат наједноставни реновирања. Се е исто толку важно. Има многу што треба да са направи на и околу милото и бурно езеро.

Влатко
Амстердам

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите