Од СВР Охрид информираат дека вчера, во 11.30 часот бил пријавен пожар во стан на улицата „Карпош Војвода“.
Во пожарот, кој е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица, нема повредени лица. Увид извршија полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишен охриѓанец поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, на 24-ти ноември, на ул.,,Партизанска“ во Охрид му одзел мобилен телефон на лице од Пештани и почнал да ги користи неговите апликации на социјалните мрежи.
OhridNews