Во Охрид денеска завршува Меѓународната бискупска конференција Св. Кирил и Методиј.
Претставници на Католичката црква во изминатите два дена во Охрид разговараа за актуелни црковни прашања, а деталите ќе бидат објавени денеска на прес конференција.
Средбата со новинарите ќе се одржи во Католичката црква „Св. Бенедикт и св Кирил и Методиј“ во Охрид.